Петрески во Отворено: Британскиот заем ќе има бенефити за државата

Благица Петрески од  Фајнанс Тинк во Отворено рече дека, британскиот заем има два економски бенефити за државата.

Според неа, покрај инфраструктурната инвестиција значајно е да се вложува и во човечки капитал. 

„Сметам дека продолженото партнерство со Британија е значајно, имаме добра соработка и оваа соработка е една форма на продлабочување. На почеток не беше јасно дали е задолжување или стартешко партнерство и станува јасно дека е задолжување . Има два аспктите за еконоските бенефити. Првиот е во колкава мера ќе бидат ангажирани македонските компании, од една страна е колку ќе биде запишано во договорот но ако се капацитети ниски мора да видиме во колкава мера ќе имаме можност а вториот се долгорочните ефекти од тие транзитни рути. Останува отворно прашањето во која мера ќе биде транспарентна постапката на избор на тие компании. Ние имаме лошо искуство од минатото за спорни тендерски постапки  и  избори и ние ако не дадеме простор за политички влијанија и ако биде по британски стандарди тогаш сме успеале. Во голема мера ова ќе влија на краткорочните ефекти на БДП“, рече Петрески.

Таа зборуваше дека инфраструктурните инвестиции се важни и за бизнисите и за економијата. 

„Инвестицијата во човечки капитал е значајно. Ние во секоја нова влада имаме ветување за инвестиции во човечки капитал но ништо не се прави. Ние имаме серизни предизвици со квалитет на образование, работна сила но инфраструктурата е битна. Од аспект на конкурентност на економијата, инфраструктурата е битна. Двете се значајни. Патна инфраструктура може да ја изгардиш за 5 години а човечки капитал се гради подолго време. Јас како што гледам имаме многу стратегии. Ние имаме проблем со континуитетот и имплементацијата. Ние сакаме краткорочни резултати“, додаде Петрески.