Петрески: Со парите од даноци да има развој, а не да завршат во нечиј џеб

во неделното интервју на РСЕ, Благица Петрески од Фајнанс тинк посочува дека нивните истражувања покажале дека сивата економија во земјава е над 23 отсто. Таа вели дека најголемо намалување кај сивата економија се постигнало во 2008-та година со преминот од прогресивен кон рамен данок.

- Тоа се должи на општото намалување на даноците во делот на личен доход. Освен со даночни стапки, сивата економија може да се намали и со засилување на капацитетите на инспекторатите, вели таа за РСЕ.