Петмина загинати и најмалку 120 повредени во земјотрес во Иран
Foto

Петмина загинати и најмалку 120 повредени во земјотрес во Иран

Најмалку пет луѓе загинаа и над 120 се повредени во земјотрес земјотрес со интензитет од 5,8 степени што го погоди синоќа северозападен Иран.

 

Епицентарот на земјотресот, за кој првично беше објавено дека е со јачина од 6,0 степени, беше во провинцијата Источен Азербејџан, на 83 километри од градот Ардабил, на длабочина од 10 километри. Во регионот погоден од земјотресот живеат околу 20 милиони луѓе.

0 Коментари

Остави коментари