Петмина во трка - едно раководно место за нов шеф на ОЈО ГОКК
Независно и ефикасно обвинителство со поголеми ресурси потребни за работа, особено за истражниот центар.
Ова се само дел од заложбите на петмината кандидати за наследник на Ислам Абази на чело на ОЈО за ГОК. Денеска пред Советот на јавни обвинители, ја презентираат својата програма пред изборот закажан за 28 месецов.
Фатон Азизи кој доаѓа од Одделението за гонење висока корупција при ОЈО ГОКК, како клучни точки ги издвои борбата против перењето пари, но и прокативно вклучување во црните листо објавени од нашите меѓународни партнери.
Трајче Пеливанов од Вишото јавно обвинителство Скопје - својата работа ќе ја темели на доказите кои ќе бидат клучни за отворање на предметите.
За разлика од останатите, кандидатот за Шеф на ОЈО за ГОК Лидија Раичевиќ, смета дека наместо програми на обвинителството потребна му е поголема стручност и активност во откривање на кривичната дела.
Искра Хаџи Василева од ОЈО ГОК - која претендира да застане на чело на обвинителството, својата програма ја темели на четири столба: ажурност, финансиски истраги, како и зајакнување на Истражниот центар и дигитализација.
Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје Јован Цветановски пак, како главни негови заложби ги потенцираше зголемувањето на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, но и намалувањето на бројот на стари и нерешени предмети.
Наследникот на Абази ќе се спроведе преку директен избор со тајно гласање на јавните обвинители од земјава.

