Петличковски: Ако останува дружењето по кафеани, носењето маска на отворено е непотребно
Foto

Петличковски: Ако останува дружењето по кафеани, носењето маска на отворено е непотребно

„Овој вирус е поиздржлив на надворешни влијанија за разлика од останати вируси. Во Австралија, совесни граѓани издржаа 3 месеци во ограничен простор и му ги скратија шансите на вирусот за проширување. Ако останува дружењето по кафани, мерката за маска на отворено е непотребна. Вирусот зема замав, единствени мерки се дистанцирање и маска пред се во затворени простории. Јасно е дека целосно да се затвори државата не може. Не сум за затворање на градинките, децата многу би изгубиле ако се затворат дома, ако не одат во училиште или градинка. Превентивните мерки функционираат, ако се почитуваат“ - вели Александар Петличковски, Институт за имунологија во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари