Петковски за ТВ 24: Европа и Западот немаат интерес од подгревање на кризата на Балканот

Љупчо Петковски од Евротинк во емисијата 24 Отворено потенцираше дека на некој начин сме во студена војна и многу настани на глобалното поле влијаат и кај нас. Одредени радикални структури поттикнати од центри што не му сакаат добро на Балканот или сакаат Балканот да го користат Балканот како монета за поткусурување да покажат дека Западот е неспособен, што е руска политика, ги користат локалните играчи.

- Знам за невладини кои правеа мониторинг за ивестување за македонско - бугарските односи пред 15 години и тогаш имаше искри уште ред да го решиме спорот со името, ќе бидиме дека и сега сето ова е дежа ву, сега подгреано со глобалната криза и интересите на некои ретроградни сили. Европа нема интерес од подгревање на кризата, ниту Западот. - вели Петковски.