Петковски за тв 24: Ако претставувам проблем како кандидат за нашата општина тогаш јавно ќе се повлечам од оваа функција
Foto

Петковски за тв 24: Ако претставувам проблем како кандидат за нашата општина тогаш јавно ќе се повлечам од оваа функција

Миле Петковски, кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од партијата ТМОРО ја напушти дебата на тв24 со притивкнадидатите поради стрес и револт од инцидентот кој му се случил претпладнево со автомобилот и ја покажа фотографијата на мобилниот телефон.

Петковски порача дека е под стрес и загрижен за безбедноста на своето семејство и затоа сака да го помине времето со нив. 

- Пред доаѓање ми беа избушени гумите на автомобилот, не стигнав да пријавам во полиција зошто доаѓав во емисијата, и ако ова е закана за мене и семејството и ако навистина претставувам проблем како кандидат за нашата општина тогаш јавно ќе се повлечам од оваа функција. Ова е мој протест од мене до сите кандидати и до политичката сцена кај нас. - рече Петковски и се повлече од дебатата.

0 Коментари

Остави коментари