Петковски ја напушти дебатата за општина Аеродром, поради револт од инцидентот во кој му се исечени гумите на автомобилот
Foto

Петковски ја напушти дебатата за општина Аеродром, поради револт од инцидентот во кој му се исечени гумите на автомобилот

Миле Петковски, кандидатот за градоначалник на општина Aеродром од партијата ТМРО ја напушти дебата на тв 24 со притивкнадидатите поради стрес и револт од инцидентот кој му се случил претпладнево со автомобилот. Петковски порача дека е под стрес и загрижен за безбедноста на своето семејство и затоа сака да го помине времето со нив. Останатите кандидати за градоначалници го осудија инцидентот и се оградија од него, бидејќи Петковски порача дека ако некој од неговите против кандидати стои зад саботажата на неговиот автомобил ќе се повлече од трката за градоначалник. Целата дебата гледајте ја вечерва во 21 часот.

0 Коментари

Остави коментари