Петков: Ветото за Македонија да не се крене, туку да се помести

 Бугарија ќе го помести ветото за Македониј, посочи за бугарските медиуми  премиерот  Кирил  Петков но тоа не значи дека ветото  ќе биде тргнато откако пак остро на овие позиции застана и потпретседателката Јотова. 

- Ние всушност не треба да го дигнеме ветото ние треба да го преместиме ветото. Промената на Уставот да се случи пред првото од многуте 20 и колку поглавја што треба да се отворат. Пред првото поглавје да си го променат Уставот. И ние да ги качиме на шините за во Европа, но критериумите кои треба да ги исполнат да се јасно определени од нас. И од она што го гледам, од владата на Димитар Ковачевски е дека тој е подготвен да тргне по тој пат. Даваме пат на РС Македонија кон Европа, но тој пат е исполнет со обврски и задолженија, јасно врамени со гаранција од цела Европа за напредокот кој ние како Бугари го посакуваме. - рече Петков.

Во изјава за бугарската Нова ТВ, Петков порача дека останува главниот предуслов за вклучување на Бугарите во уставот на Македонија како едно од барањата со кое треба да почнат процесите за добрососедство.

- Јасно ни беше кажано и од г-ѓа Фон Дер Лајен при нејзината посета тука. Таа кажа јасно, „ние сме подготвени да бидеме гарант за тој процес“, „ние сме подготвиме да ја вметнеме промената на Уставот во преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија.“ - рече Петков.

За разлика од нешто поблагата реторика на Петков потпретседателката Јотова пак и деновиве беше категорична дека не треба воопшто да се дискутира за било какво кревање на рампата за старт на преговорите на Македонија со ЕУ додека Скопје не ги исполни 5 барањата на официјална Софија пропишани во договорот за добрососедство.

Тензиите меѓу двете земји особено се подигнаа и по последните случувања со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола откако минатата недела и шефот на државата Пендаровски испрати пораки до властите во официјална Софија дека креирањето на било какви провокации со историска и политичка позадина немаат европски вредности и не им се од  корист на преговорите.

Од Владата денеска без  коментар на најновите пораки од Петков. По провокацијата кога целиот бугарски државен врв се прошета низ Битола на отворањето на клубот Ванчо Михајлов, а македонскиот врв дента остана без никаква реакција, од илинденска го осудија настанот и пораача дека е потребо брзо но не избрзано решение.

Минатата недела писмено се огласи и ЕК која пак порача дека двете земји мораат да останат посветени на преговорите а билатералните прашања да се обидат да ги решат меѓусебно. Во меѓувреме следната недела се очекува Властите во земјата да испратат и одговор до официјална Софија во врска со последните случувања за клубот кој беше насловен со името на контраверзниот лик Ванчо Михајлов.