Петков на средби со Џафери, Ахмети и Мицкоски

Попладневни средби на бугарскиот премиер Кирил Петков во Собранието. Разговараше со собранискиот спикер Талат Џафери и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Џафери му посочил дека Македонија прави напори за градење на добрососедски односи со сите земји од регионот, додавајќи дека почнувањето на преговорите со Европската Унија е од исклучително значење за земјата. 

Со Ахемит пак, разговарале и за отварање на Уставот. На прес конференција после средбата, рече дека сака македонците да чувствуваат поткрепа од неговите политики и дека нема да има ништо штетно за Македонија ако бугарското малцинство биде впишано во Уставот. Сепак, не побарал реципроцитет од Петков.

Средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е последна на агендата на Петков, која се одржа во партиското седиште на опозицијата. Со Мицкоски, освен за бугарското вето, разговарале и за политичките состојби во Македонија.

Бугарскиот премиер на сите средби искажал големо задоволство од посетата и од разговорите што имал можност да ги оствари. На сите им посочил и дека очекува поголема соработка со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.