Петар Рупески од Варош го фати светиот крст во Охрид
Foto

Петар Рупески од Варош го фати светиот крст во Охрид

30 годишниот Петар Рупески од Варош беше најбрз и најсреќен меѓу стотиците верници кои утринава се фрлија по светиот крст во студените води на Охридското езеро. За него ова е петти пат и петта среќа.

Како веќе искусен капач вели не постои посебна техника за фаќање на крстот, само силна вера во Бога и голем ентузијазам.

По традиција Рупески доби подароци од општината и градоначалникот Георгиевски.

Целата манифестација во Охрид  ја следаа безброј верници,домашни и странски гости кои за празникот ги исполнија хотелските капацитети до последно место.

Преполни утринава беа и рестораните и кафулињата долж охридската ривиера.најбројни се гостите од соседството кои ќе останат и утре да ја проследат манифестацијата по повод денот на рибарите кога по традициај ќе се готви познатата рибина чорба во џиновскиот казан покрај езеро, а во осветените води ќе се капат рибарите но и граѓани кои со години ја негуваат традицијата.

0 Коментари

Остави коментари