Петар Богојески нема да биде директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Петар Богојески повеќе нема да биде директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Тој заминува од функцијата нешто повеќе од два и пол месеци откако беше назначен на оваа позиција.

Информацијата ја соопшти самиот Богојески преку објава на социјалните мрежи, каде што сподели фотографија со премиерот Христијан Мицкоски и појасни дека станува збор за договор меѓу коалиционите партнери во Владата.

„Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“, напиша Богојески.