Пет позитивни туристи од Грција, еден со симптоми,13 во изолација, од агенцијата тврдат - протоколите се почитувани
Foto

Пет позитивни туристи од Грција, еден со симптоми,13 во изолација, од агенцијата тврдат - протоколите се почитувани

Автобус со туристи од Грција е во изолација откако пристигнал на 20 ти јули во Македонија. Во автобусот според информациите на тв 24 имало 26 патници од кои пет се позитивни на ковид 19, а шестиот ќе биде тестиран утре.

13 лица засега се во излолација како контакти, но трае проверката на нивните контакти во македонија инаку во автобусот имало мешана структура на возрасни и деца. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за тв 24 велат дека во тек е епидемиолишка анкета на контакти.

Тв 24 контактираше и со туристичката  агенција која го организирала патувањето и тие велат дека се почитувале сите протоколи  и дека капацитетите на автобусите иако е дозволено да бидат 100 проценти од нивната агенција патници превезуваат само со 50 проценти. 

Инаку во Грција е регистриран најголем дневен пораст на новозаразени со ковид 19 во последните три месеци. Вчера се потврдени 3.565 случаи, што е најголем број забележан во текот на четвртиот бран од пандемијата.

0 Коментари

Остави коментари