Пет починати во последните 24 часа од Ковид 19 во Македонија, 35 новозаразени
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти во: Скопје-8, Куманово-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-2, Неготино-2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово
Направените 1120 теста се преку: ИЈЗ –546, ЦЈЗ Скопје- 66, Авицена –50, Биотек -178, Филип Втори (Жан Митрев) –51, Систина со PCR метода -120 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

