Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања
Пет лица се приведени во врска со исчезнувањето на девојчето Вања, обезбедено е и едно возило вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Посочи дека се работи интензивно на случајот со исчезнувањето на Вања и дека интензивно се продолжува со понатамошни активности.
„Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај. “ вели, министерот за внатрешни работи, Оливер Спаосвски.
Предвремено споделување на информации прави проблем на истрагата, рече Спасовски и додаде дека тие факти коишто ги утврдиле преку истражни мерки ќе бидат соопштени во јавноста и додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи трага кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.
„Ви се заблагодарам на сите вас заради тоа што навистина објективното пренесување на сите информации, па и околу овај случај, сериозно влијае на спротивставувањето на лажните вести и на сите оние коишто сакаат од неразбирливи причини, без разлика од што се мотивирани, да ги пласираат во јавноста.“ - вели Спасовски.
Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Во изминатиот период, на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатото девојче од страна на Интерпол.