Пет лица се повредени поради силниот ветер во Загреб

Денеска, градските служби во главниот град на Хрватска, Загреб имале повеќе од 700 интервенции, а додека, пак пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од вчера.

Ветрот во загрепскиот регион во текот на целата ноќ, но и денеска рушеше стебла, реклами, корнеше покриви и делови од фасадите, пренесува „индекс.хр“. Улиците во Загреб биле прекриени со искорнати гранки, а забележани биле проблеми и со градскиот превоз.

На места имало и скршени сообраќајни сигнални средства, а службата за брза медицинска помош и пожарникарите интервенирале во текот на целиот ден. Полицијата ги предупреди граѓаните да не излегуваат од дома, доколку немаат потреба од тоа.