Пет лица го загубиле животот годинава на патиштата во охридскиот регион

Црна статистики на патиштата во југозападниот регион. 264 сообраќајки со 5 жртви  и 231 лице со тешки телесни повреди се регистрирани годинава во охридскиот регион. Опасна точка автопатот во изградба Кичево-Охрид.

Најчестата причина е непичитување на сообраќајните прописи, неприлагодена брзина, непочитување на сообраќајната сигнализација и користење мобилен телефон при возење.

Од СВР Охрид апелираат до охриѓани и туристите во пресрет на Новогодишните и божиќните празници поради зголемениот број на возила да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат сообраќајните знаци.

Во државата во просек годишно на македонските патишта животот го оставаат 65 жртви на еден милион жители, однсосно за четвртина повеќе од ЕУ земјите а ништо подобра не е сликата и во регионот.