Пет кошаркарки од Крива Паланка во репрезентацијата до 14 години
Foto

Пет кошаркарки од Крива Паланка во репрезентацијата до 14 години

Пет кошаркарки од КК Крива Паланка синоќа отпатуваа со македонската репрезентација за девојчиња родени 2005 година и помлади на силниот интернационален турнир во Словенија „Slovenia ball 2019″.

Турнирот ќе се одржи од 15 до 18 август во Словен Градец.

– По одличната сезона која е зад нас и освоеното прво место во државата во оваа возрасна категорија, девојки до 14 години, како и нивните несебични заложби, но и заложбите од наша страна ,да ги надградиме талентот и квалитетот, да ги доусовршиме останатите перформанси на девојчињата како играчи, гордост е да се каже  дека пет наши кошаркарки го носат националниот дрес и ќе настапат на  турнирот,пандан на континентален собир за оваа генерација. Во составот од вкупно 14 играчи, за репрезентацијата до14 години од клубот се повикани: Михаела Алексовска, Божица Стоевска, Ксенија Петревска, Матеја Додевска и Нена Стоименова, а тренерот Белешковски Ведран е во селекторската тројка, предводена од Никола Златев од Кавадарци, информираат од КК”Крива Паланка”.

На турнирот избраничките на Златев ќе играат во групата со Унгарија, Украина, Латвија и Хрватска.

0 Коментари

Остави коментари