Пет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влегува и Трајче Пеливанов

Поранешниот обвинител на СЈО, сега дел од Вишото обвинителство, Трајче Пеливанов, според информациите на ТВ 24, е најновиот кандидат за шеф на ОЈО ГОКК. Освен него, конкурираат и неговиот колега од Вишото обвинителство Јове Цветановски, кој ја оживеа истрагата за злоупотребите при набавката на мазут, а за кого има и обвинение за злоупотреба на службената должност; обвинителката Искра Хаџивасилева, која е обвинител во случајот со судијата Ѓоко Ристов; обвинителката Лидија Раичевиќ, која беше кандидат и за државен јавен обвинител; како и обвинителот Фатон Азизи. Конкурсот завршува викендов, а утре Ќе се проверат и кандидатурите пратени по пошта. По затворањето на конкурсот и формирањето на комисиите, кандидатите ќе ги презентираат своите програми пред Советот на јавни обвинители, а изборот на новиот раководител е закажан за 28 октомври, кога обвинителите на непосредни избори ќе го гласаат новиот шеф на ова обвинителство.