Кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска, пет години од заминувањето во легендите - населението ја памети по нејзиниот исклучителен глас и карактеристична песна.
Од скромното детство, со забележаниот талент од доајенот Стево Теодосиевски - низ децениите го освојува светот со испеаните композиции, осум позлатени дискови, две платинести изданија и реализирани над 20 илјади концерти.
Естрадниот уметник Есма Реџепова - Теодосиевска и сопругот за време на нивниот живот учествуваат во голем дел добротворни цели и хуманитарни збиднувања. Таа во 2004 година е прогласена за Ромска кралица во Чандигар, додека во 2005 добива ореден за заслуги во земјава.
0 Коментари