Пешевска од Куманово – најдобар актер на ФКТ „Ристо Шишков“
Foto

Пешевска од Куманово – најдобар актер на ФКТ „Ристо Шишков“

Александара Пешевска од кумановскиот театар ја доби наградата за најдобро актерско остварување на28  издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица чија завеса се спушти синоќа. 

Како што соопшти жирито, Пешевска во својата улогата во преставата „Телефонот на мртовецот“ од Сара Раул, а во режија на Александар Ивановски манифестирала супериорно актерско мајсторство со изразени психолошки валери, креирајќи сложен, но стамен лик, распнат низ бурните времиња на човековото опстојување. 

Пешевска изрази задоволство што ја понесе наградата од фестивалот што е посветен на актерската игра.

Во текот на седумте изминати денови беа прикажани 8 престави исклучително од македонската театарска продукција. Според  жирито предводено од Дршако Ѕидар за единствената награда вредна 1.500 евра и златен медаљон со ликот на Ристо Шишков во потесен круг биле и Танкица Стојанова, Кети Дончевска Илиќ, Сашо Ристовски, Горан Илиќ, Магдалена Ризова Черних и Атанас Атанасовски. 

Годинава ФКТ „Ристо Шишков“ се одржа на отворено во струмичкиот парк на сцената на „Струмица опен фест“ со ограничен број посетители. За разлика од минатата години заради пандемијата годинава не се доделија НЕТА наградите.

0 Коментари

Остави коментари