Пери: Има разлики во работењето на демократот Бајден и републиканецот Трамп
Какво ќе биде влијанието на американските избори на глобално ниво и што овие избори ќе донесат за Балканот? Дали Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа или таму ќе се всели Џо Бајден? Американската аналитичарка Валери Пери од Совет за демократизација, во интервју за ТВ 24 вели дека има огромна излезност на гласачи, а ова се едни од најскапите американски избори во историјата.
Таа се надева дека новата администрација ќе посвети поголемо внимание на корупцијата и неограниченото трошење пари на политички кампањи во САД. Што се однесува на американската политика кон светот но и кон Балканот, според Пери ќе има разлики во работењето на демократот Бајден и републиканецот Трамп.