Перформанс на средношколци: Не за меѓуврсничкото насилство
Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство. Преку танцот беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост. Од пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често остануваат незабележани од возрасните.
Според професоркат Грозданка Саздова од СУГС „Јосип Броз Тито, возрасните со личните постапки секојдневно им даваат пример на младите како да се однесуваат меѓу себе. Таа посочи дека секојдневието на децата често е обележано и со негативни примери од однесувањето на возрасните, особено во ситуации кога постои позиција на моќ.
Настанот се одржа по повод Меѓународниот ден на детето, во организација на „Меѓаши“, а законодавниот дом беше избран симболично за да се побара институционална одговорност и посилни политики за безбедност и благосостојба на децата.

