Перез ја заврши трката, моторот му откажа среде трка
Foto

Перез ја заврши трката, моторот му откажа среде трка

Започна највозбудливата трка за големата награда на Абу Даби на патеката „Јас Марина“ со која и официјално се затвора сезоната 2020 за Формула 1.

Првите тројца, Ферстапен, Ботас и Хамилтон стартуваа со меки гуми. За Себастијан Фетел ова е последно возење за тимот на Ферари. Во десеттиот круг, Серхио Перез од тимот на Рејсинг Поинт ја заврши трката и тој видно револтиран излезе од болидот.

Од моторот се забалежа чад, па веднаш беше вклучено виртуелното безбедносно возило, а потоа и безбедносното возило се појави на патеката. Болидот на Перез едноставно како сам од себе да запре, па Перез мораше да се пакира настрана. Ниту нему не му беше јасно како може моторот да згасне среде трка и видно револтиран отиде во боксот.

Откако болидот на Перез се отстрани, се повлече и безбедносното возило. За Перез е утеха што сезоната ја заврши со победа.

Foto

0 Коментари

Остави коментари