Перез има Ковид-19 и нема да вози во Силверстоун
Foto

Перез има Ковид-19 и нема да вози во Силверстоун

Се појави прв случај на Формула 1 возач заболен од Ковид-19.

Пилотот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез денеска не се појави во тимот поради тоа што бил во изолација откако неговиот прв тест за коронавирус бил позитивен. Денеска му е направен уште еден тест, по кој и дефинитивно е потврдено присуството на ковид-19 во неговото тело.

„Перез е во самоизолација по инструкциите на авторитетите на јавното здравство и ќе продолжи да ги следи процедурите“, стои во дел од соопштението на Формула 1.

Тимскиот портпарол потврди дека во самоизолација се и мал број на членови на тимот кои биле во контакт со Перез. Тие повторно ќе бидат тестирани.

Перез е првиот возач позитивен на ковид-19 откако почна сезоната во Формула 1, досега беа направени над 5000 тестови. Тој ќе ја пропушти претојната трка во Британија на патеката Силверстоун, а можно е да не се појави и на следната која се случува на истата стаза. И покрај отсуството на Перез, Рејсинг Поинт пријави двајца возачи.

0 Коментари

Остави коментари