Пензискиот фонд “под лупа”: Стабилен или пред колапс?
Пензискиот систем е стабилен - уверува премиерот Мицковски откако вчера Фискалниот совет алармираше на дупка во ПИОМ од 1,3 милијарди ако владата не започне со итни мерки и реформи во првиот и вториот пензиски столб.
Пензионерите не треба да бидат загрижени, пари има - но треба да се пронајдат таму каде што биле злоупотребувани, изјави Мицковски.
За колапсот во пензискиот систем виновен е арамијата Мицкоски и неговата криминална власт, обвинија од опозицијата. Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик, посочи Јованка Тренчевска од СДСМ
Економистите велат дека проблемот со пензискиот систем е децениски, но за него веќе мора да се зборува јавно и да се бараат решенија. Професорот Ванчо Узунов - вели дека непоходни се големи реформи меѓи кои и непопуларните - како зголемување на придонеси и старосна граница за пензионирање.
Новата анализа на Фискалниот совет покажа дека дупката во ПИОМ е 5,2% пд БДП, ако не се спроведат сериозни мерки за десет години дефицитото ќе стигне до 6,6 %
Оттаму препораа сет мерки за спас на пензискиот фонд. Како најургенти - зголемување на придонесите, поголемо учество на жените на пазарот на трудот и борба против сивата економија.

