Пензионерскиот бунт во Свети Николе продолжува, линеарно зголемување на пензиите главно барање
Пензионерскиот бунт продолжува. Разочарани од последното процентуално зголемување на пензиите од 3%, пензионерите од Свети Николе денес повторно излегоа на улица.
Нивно главно барање е моделот на линеарно зголемување на пензиите да се задржи, бидејќи, како што велат, трошоците во маркетите и аптеките се за сите исти.
На прашање на 24, дали ресорниот министер ги поддржува барањата на дел од пензионерите за линеарно зголемување на пензиите, Велковски кажа дека можностите и капацитетите на државата се толкави.
Инаку, според најновите податоци од ПИОМ во Македонија има околу 350 илјади пензионери, речиси 100 илјади од нив примаат пензии во најниските износни групи, кои се движат од 20 илјади до 24.600 денари.

