Пензионерската организација од Свети Николе бара линеарно, а не процентуално покачување на пензиите

Неколку пензионери денеска пред Влада излегоа и побараа повисоки пензии, Линеарно зголемување наместо процентуално тоа е нивното клучно барање бидејќи сметаат дека како бројка на пензионери се во голем број потсетувајќи дека се голема бројка нагласачко тело.

Побараа и средба со премиерот за да му ги пренесат лично барањата. 

Претставник на владата дојде и ги упати пензионерите што и како треба да постапат за нивните барања да бидат проследени до влада. 

Од Влада, во телефонски разговор посочија дека барањата ќе бидат разгледани по што ќе се произнесат по однос на нивните барање. Претходните 5.000 денари покачување на пензиите, пензионерите го добија протестирајќи на улица. Очекуваат ново исогласување на пензиите да биде повторно по овој терк.