Пензионерот Трајче Митев од Штип бара институционална одговорност за неговиот намален работен стаж

Штипјанецот Трајче Митев, кој е рударски инженер во пензија бара институционална одоговорност за пресметката на неговиот вкупен работен стаж. Тој за 24 тврди дека две и пол години недостигаат во целосната пресметка, но и дека неколку месеци низ годините наназад различна сума пари легнуваат на неговата сметка. Митев обвинува дека тоа се должи на направен пропуст во подрачната служба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Штип.

Пензионерот Митев пред камерата на 24 објаснува дека неколку пати досега поднел барање за да добие одговор на што се должи ваквата промена и се обратил до сите надлежни институции, но дека одговорот секогаш бил ист.

За што конкртетно станува збор, дали и кој има направено пропусти при утврдување на вкупниот стаж, но и доколку се констатираат истите, ќе одговора ли некој за ова, 24 испрати прашања и до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, од каде очекуваме одговори.