Пензионерите од истокот бараат да се смени претседателката Трајковска
Пензионерите од истокот на Македонија повторно на протести.
Меѓу другото, бараат оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајковска, бидејќи ги изневерила нивните барања, а ги оставила оние пензионери со минимални примања, како што велат, на работ на егзистенцијата.
Ќе се бориме сè додека нашите барања не бидат целосно исполнети, децидни се дел од пензионерите, кои изминатиов период постојано на улица бараа линеарно зголемување на пензиите. Доколку надлежните немаат слух за нивните барања, тогаш најавија почести и порадикални протести.