Пензионерите незадоволни од септемвриското покачување на пензиите

Покачувањето на септемвриските пензиите од 6,8 % според кое најсиромашните пензионери би земале 699ден а најбогатите 4099ден повеќе,создаде револт кај пензионерите, велат ова покачување на пензиите е многу ниско и несфатливо во споредба со зголемените трошоци за живот во кризна состојба.

Сојузот на пензионери контра граѓаните - пензионерите годинава добија вкупно покачувањ од 9,7% и невозможно е да очекуваат сите да добијат исти покачувања. Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска за тв24 вели дека покачувањето на септемвриската пензија е според новата методологија.

Инаку министерката Тренчевска изјави дека наредната година ќе се разгледа можноста од донесување на минимална пензија, но од сојузот на пензионерите ова би значело административно одредување на износот а тоа е некомпактибилно со пензискиот систем.

Во земјава има 330.000 пензионери од кои 2960 земаат најниска пензија од 10.276 денари и само 47 пензионери  имаат највисока пензија во износ од  60.294 денари.