Пензионерите и линерарното зголемување

Никој не може да им ги одземе досега покачените пензии вели премиерот Христијан Мицкоски. Последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија, сега дилемата е дали сите покачувања ќе бидат уставни или пак не, коментира премиерот.

Уставните судии пак според него имаат неколку опции во однос на одлучувањето за линеарното зголемување на пензиите.  

Линеарното зголемување на пензиите сè уште не е укинато и не е донесена конечна одлука за оспорениот член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Е одговорот од Уставен и за премиерот и за пензионерите кои што протестираа пред судот.

Населението од третата доба остануваат на своето барање да нема враќање на процентуалното и останат покачувањата исти за сите групи на пензионери. Освен тоа тие сакаат да остваруваат и право на К15, покачување на посмртнината од 35.000 на 50.000 денари, како и воведување на пензионерска картичка.

Доколку не бидат слушнати нивните барања, пензионерите најавија дека ќе протестираат и пред Канцеларијата на Европската Унија.