Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите
Линеарно наместо процентуално зголемување на пензиите - побараа претставници на повеќе здруженија на пензионери од земјава.
На денешната средба со министерот за Труд и социјална политика Ѓоко Велковски - предочија повеќе аргументи со кои како што велат го поткрепуваат нивното барање преку кое пензискиот фонд ќе биде еднаков кон сите пензинери.
Од одборот, велат дека собрале илјадници потписи од членовите на здруженијата на пензионери кои го подржуваат барањето за линеарно зголемување на пензиите
Од Министерството за труд и социјална политика, велат дека секој предлог за подобар стандард на пензионерите заслужува отворен простор и дијалог
Министерство за труд и социјална политика: Линеарното зголемување на пензиите беше интервенција на Владата во услови кога имаше потреба од директна поддршка поради навистина ниските пензии. Со оваа мерка, во изминатиот период пензиите беа зголемени за вкупно 7.000 денари за секој пензионер. Ова решение беше во сила до март 2026 година.Во однос на барањето за повторно воведување линеарно зголемување, Министерството останува отворено за разговор со претставниците на пензионерите и внимателно ги разгледува нивните аргументи.
Од април годинава година повторно започна да се применува редовниот законски механизам за усогласување на пензиите.Следното усогласувањ е со септемвриската пензија

