Пентагон: Владеењето на правото е важно за отпорноста на Македонија

Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, бидејќи тоа е важно за регионалната и глобална безбедност. - порачува заменик-помошникот секретар за одбрана на сад за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски.

Според него, членството на земјава во Европската унија е важно за безбедноста и стабилноста пошироко.. САД ја поддржува евроинтеграцијата на земјата, но, вели, за темпото на пристапување одлучува ЕУ.