Пендаровски за ТВ 24: Преговорите со ЕУ ќе траат со години
Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа потенцираше дека било кој договор со Бугарија не треба да се крие од македонската и бугаријата јавност и ако сакаме да потпишеме договор кој ќе трае и ќе биде прифатен од мнозинството граѓани, пред да го потшишеме да им го кажеме на граѓаните.
- Не само да го ратификуваме во Собранието. Насила таа работа не оди. На референду треба да добиеме позитивен фидбек. Преговорите со ЕУ ќе траат со години. Откако ќе почнете со преговори, има многу препреки. Мора да обезбедиме поширок политички консенсуз. - рече Пендаровски.