Пендаровски за ТВ 24: Петков е технократ и оптимист

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа смета дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков е одлична и смета дека Петков е нетрадиционален политичар.

- Има нестандарден вокабулар и не зборува со реторика репознатлива за некои бивши времиња. Тој е технократ и оптимист. Тоа исто беше Зоран Заев. Далеку сме во ситуација да рчеме дека ситуацијата е завршена. Треба добро промислување на секој следен чекор. Другата страна наметна сет прашања кои задираат во нашиот идентитет и тоа не смееме да го дозволиме. Мотраме при секој предлог кој доаѓа од најновата влада од Бугарија, трипати да го разгледаме. - вели Пендаровски.