Пендаровски за ТВ 24: Пакетот 5 + 1 веќе не постои

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа рече дека имаме нова методологија на работа. Петте комисии ќе бидат новата методологија за работа.

- Нема повеќе план 5+1 или предлог на кој чекаме одговори, па ќе дадеме наши. Тој план излезе после пропаднатиот Лисабонски предлог. Не добивме никаков одговор иако сметавме дека тоа е добра почетна точка за понатамошни разговори. Откако пропадна тоа, дури ни формално Бугарија не соопшти на своите членки зошто го прави тоа. Се обидовме со мини пакетот 5+1 да ги одблокираме разговорите. По изборот на новата бугарска влада, се предложи пет комисии да работат и ние се согласивме со тоа. 5+1 е ад акта. Ја спорам тезата дека нешто сме дале за да добиеме нешто за возврат. - рече Пендаровски.