Пендаровски за ТВ 24: Ниту една членка од ЕУ нема проблем со македонскиот јазик

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа истакна дека се надева дека решението е на дофат. Ниту еден бугарски политичар, не го спореа македонскиот јазик, ниту денес дека сме македонци.

- Ова што денес го кажа Петков не е ништо ново. Ние и утре можно е да постигнеме договор со Бугарија и можно е Бугарија, зошто тоа е нејзино суверено право, да го задржи правото да го нарекува нашиот јазик македонски јазик во согласност со уставот на Република Северна Македонија, ама во билатерален контекст. Ниту една членка од ЕУ нема проблем со македонскиот јазик. - рече Пендаровски.