Пендаровски за ТВ 24: Беспредметен е протестот на Црквата, двата закони се повлечени

Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата“, изјави синоќа во интервју за Аргумент плус претседателот Стево Пендаровски по повод вчерашниот протестот организиран од МПЦ-ОА.

Според Пендаровски, протестот е беспредметен бидејќи, како што рече, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестира - за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата.