Пендаровски за 24 Отворено: Имаше десетпати поголеми криминалци од оние во „Рекет“
Foto

Пендаровски за 24 Отворено: Имаше десетпати поголеми криминалци од оние во „Рекет“

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во 24 Отворено истакна дека не постои одредено време кога правдата би фукционирала. Перцепцијата на нашите граѓани е дека сме најтенки на тошката економија, правда, социјала, одговорност на политичари во кои немаат правда. На прашањето дали се чувствува прозван дека вршел притисок на судиите, Пендаровски одговори дека не ги коментира одлуките на судовите.

„Не постои ниту еден правен документ кој забранува коментирање на одлуки во било која фаза на постоењето. Се може да се коментира освен нивната активност.“ - рече Пендаровски.

Целиот контекст според него, укажува дека судиите не се водат по правен аспект. Иванов без претходна поставка помилувал во 2016 педесетина луѓе. Тоа е чин на неправо, според Пендаровски. На надворешно политички план направивме пробив со извлекувањето на земјата од изолација, но на внатрешен план не одело така лесно. И во тој амбиент сме морале повеќе да испорачаме кон граѓаните. Тој потенцираше дека има состаноци со засегнатите од извршителите и дека може да се залага за измена на тарифата за извршители кои наплаќале многу повеќе од главницата.

Во врска со аферата „Рекет“, претседателот рече дека му е мака дека не може да поверува дека човек на кој му беше дадена најодговорната функција и уживал поддршка, но таа шанса, личноста ја прокоцкала дружејќи се со „пробисвети и претпоставени криминалци“.

„Таков човек на таква институција во историски момент. Ако не извлечеме поука од ова, можеби некоја подоцнежна анализа ќе покаже дека правдата тука ја изгуби шансата. Имаше и поголеми риби кои крадеа многу повеќе. Имаше десетпати поголеми криминалци, но тоа не значи дека Боки и Катица, доколку го направиле тоа за што се товарат, не треба да одговараат. Само Амди Бајрам за плаТното од Македонка од сите парламентарни состави на Македонија досега лежеше три години затвор. Зарем немало ниту еден од сите парламентарни состави и функции, кој направил некаков криминал?“ - рече Пендаровски.

На последните европски самити, не е само борба против криминалот, туку и против високата корупција. Тоа не е оној кој заглавил за кебапи, туку оние што земале милијарди. Во врска со поништувањето на амнестијата, Пендаровски смета дека е поинаков осново за таквото побарување. Не биле опфатени сите учесници. Смета дека треба уставниот суд да решава дали тоа е морално.

„Јас никогаш не сум спаѓал во луѓето, граѓани, професори или сега политичари кои сметаат дека одлуките на судовите не се коментираат. Сите знаеме како во изминатите 10 до 15 години во времето на Груевски особено, се бираа судиите, не само на Уставниот суд. Треба да се лажеме и да кажеме да тоа беа најдобрите правни експерти во оваа земја бидејќи тоа е правилото во секоја земја. Роберт Бадентер беше претседател на Уставниот суд на Франција. Кој е Бадинтер во Македонија од овие што се сега судии во Уставниот суд“. - рече Пендаровски“

Во врска со средбата со Макрон, Пендаровски истакна дека при средбата со Макрон отворено го прашал за првичното одбивање за давање на датум за преговори со Македонија.

„Го прашав отворено дека ако по втор пат не исече, како тоа ќе го оправда пред граѓаните, а ти ми рече „Нема да ве исечам по втор пат.“

Во врска со претстојните избори, Пењндаровски смета дека одложување на изборите не оди во прилог на ниту една партија.

„Сите што беа кај мене на лидерската средба се совесни граѓани и политичари. Не верувам дека се согласија за 12 април да го изиграат тој термин. Нема мотивација за одложување на изборите. Ниту власта ниту опозицијата има ќар или мотив доколку се одложат. Со тоа нема никој да добие,

Во врска со неговата изјавата дека ако не би претседател би се отселил од државата, која предизвикала бурни реакции во јавноста, Пендаровски смета дека нема потреба да ги лаже граѓаните.

„Ако една изјава ги натера да се селат, а не се ова што го гледаат околу нив, 100 000 изјави да дадам да останат, нема да ги задржат.“ - изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, потребен е ветинг во судството, а тоа го направиле неколку европски државиво деведесетите години.

0 Коментари

Остави коментари