Пендаровски за 24 Отворено: Да не сме наивни дека Грујовски работи како готвач во ресторан на некој грчки остров
Foto

Пендаровски за 24 Отворено: Да не сме наивни дека Грујовски работи како готвач во ресторан на некој грчки остров

Во вечерашното гостување во 24 Отворено, претседателот Стево Пендаровски изјави дека не ја прочитал изборно иницијативата на Митко Чавков за претставката до Уставниот суд за поништување на амнестијата, но мисли дека се работи за поинаков основ на побарување за ревизија за амнестијата и таму главен аргумент било дека се одело селективно со давање на амнестија и не биле опфатени сите учесници од 27ми април.

„Чавков добива 18 години затвор, а вели некои се шетаат слободни, а бевме заедно еден до друг, бевме заедно тој ден.“ - вели Пендаровски.

Во однос на тоа дека врз основа на одлуката за помилување од страна на Иванов во 2016 кога помилувал над 50 лица,  за таа одлука на Иванов вели дека била неправна. А на таа одлука се повика грчкиот суд донел одлука дека нема екстрадиција за поранешните функционери во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски.

„Јас ако бев на место на на грчкиот Врховен суд и држава и да го имам шефот на петтата управа надлежна за прислушување од соседна држава со која 20-30 години не бевме во пријателски односи и јас ќе имав, такво правно толкување.“ - рече Пендаровски.

На прашањето дали за Грција било поважно да ги задржи Грујовски и Бошковски кај нив, Пендаровски рече,

„Да не сме наивни, вие верувате во приказните дека тој работи како готвач во ресторан на некој грчки остров?“ - рече Пендаровски.

0 Коментари

Остави коментари