Пендаровски: Време е да ги залечиме отворените рани и да го почнеме граѓанското помирување

Сакам јавно да кажам и да се обврзам дека ќе бидам претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за мене, и на оние кои гласаа за моите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање. Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање по повод неговата инаугурација во Собранието на Репулика Северна Македонија.

-Ќе бидам претседател на сите граѓани. Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го почнеме граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг, потенцира Пендаровски кој претходно, пред присутните гости, даде и свечена изјава.

Пендаровски констатира дека во Европа речиси и не постои држава која е толку мала, а толку внатрешно поделена по многу основи од кои, како што истакна, најголемиот дел се политички и во креирани од политичарите.

– Политичките реазлики меѓу луѓето и партиите ќе продолжат да постојат затоа што се природни и нужни, но енергијата и потенцијалот на општеството мораат да бидат обеденити околу неколку стратешки важни работи за кои ќе инсистирам и ќе предложам модели кои ќе бидат засновани на поширок државен консензус.Тука мислам пред се на нашите евроатлантски интеграции за кои на реторичко ниво постои целосна согласност меѓу релевантните политички субјекти, меѓутоа модалетите за нивна реализација во кои веруваме се различни, подвлече Пендаровски. 

Тој најави дека ќе се бори против поделеноста во општеството, дека ќе ги штити правата на политичкото малцинство, дека максимално ќе се заложи за довршување на полноправното членство на земјава во ЕУ и НАТО, како и дека посебно внимание ќе посвети на меѓуетничките односи.