Пендаровски се сретна со членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, кои престојуваат во Северна Македонија по повод одржувањето на Годишниот самит, чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, градоначалниците го информираа Пендаровски за нивните очекувања и темите на дискусија на овогодинешниот самит насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“, на којшто ќе учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број претставници на меѓународните организации.