Пендаровски: Само со влез во ЕУ младите луѓе ќе бидат конкурентни и ќе имаат просперитет
Foto

Пендаровски: Само со влез во ЕУ младите луѓе ќе бидат конкурентни и ќе имаат просперитет

Трендовите на иселување на младите нема да се намалат ако останеме во изолација. Само со влез во ЕУ и НАТО, на големиот европски пазар, младите луѓе ќе бидат конкурентни и просперитетни, рече на денешната средба со граѓаните на Крива Паланка кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски. 

Според него, никој повеќе не гласа за политичари кои говорат за историја, а народот сака да гледа во иднината. Според него, досегашниот период беше, како што рече, период на интеграција, додека оваа година и наредните се прогласени за време на економски развој. 

По средбата со Кривопаланчани, Пендаровски продолжи на централниот митинг во Куманово.

0 Коментари

Остави коментари