Пендаровски од ДИК го доби уверението за претседател
Државната изборна комисија денеска на Стево Пендаровски му го врачи уверението за избран претседател на државата. Пендаровски утре напладне ќе даде свечена изјава во Собранието, а потоа ќе замине во претседателската вила на Водно. На седницата во Собранието, Пендаровски ќе даде свечена изјава пред пратениците, членовите на владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.
Досега потврда за присуство на инаугурацијата на пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета, од косовскиот претседател Хашим Тачи и од српскиот претседател Александар Вучиќ. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија.
Покани за присуство на инаугурацијата преку министерството за надворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ. Пендаровски во ДИК изјави дека на вработените ќе им порача дека политичкиот реваншизмот треба да биде минато, а тој што се огрешил пред законот да одговара.