Пендаровски очекува убедлива победа во вториот круг
Foto

Пендаровски очекува убедлива победа во вториот круг

Владиниот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден и е свесен за лошите резултати од првиот изборен круг. Верува дека пораката од граѓаните успешно е пренесена до политичарите, а на овие избори, се плаќа цената од политички одлуки на власта. Тврди дека е против тргување со гласови со албанската опозиција за вториот круг, но ги очекува гласовите на Река, со што би имал убедливо водство пред Сиљановска Давкова.

„Ние ја разбираме пораката од граѓаните, а тоа е дека дел од нив не се задоволни од одредени економски политики, локални прашања, незадоволство што зад мене застанаа политички партии, а можеби и бидејќи очекувале нешто граѓаните, а не го добиле од политичарите.“ - изјави Стево Пендаровски – кандидат за претседател.

Шефот на изборниот штаб на Сиљановска, Јанушев, малиот одѕив на гласачите го препиша на власта. Вели дека е успех тоа што кандидатката од опозицијата победи во 47 општини во споредба со локалните избори кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката во само 5 општини. Повика на масовна излезност за вториот круг.

„СДСМ освоие 140 илјади гласови помалку, се должи на намалената излезност, ги повикувам граѓаните но и апелирам до власта да престане со притисоци и закани бидејќи е евидентна апатијата кога власта ја наметна во ова општество.“ - изјави Игор Јанушев – генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

По затворањето на гласачките кутии, и од двете партии прогласија победа. Во споредба со првиот круг од последните претседателски избори во 2014 година, овој прв круг заврши со пониска излезност, што го става под знак прашалник неопходниот цензус од 40 отсто во вториот круг.

0 Коментари

Остави коментари