Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми

Претседателот Стево Пендаровски по повод последните случувања во судскиот процес со кој се опфатени новинари на ИРЛ утрово со свој став: „Слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес. Новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации. Јавноста има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес. Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството, вели претседателот Пендаровски во своето соопштение.