Пендаровски: Македонија нема друг пат освен ЕУ

„Зацртавме две точки на кои ќе разговараме. Побарав од лидерите да го реафирмираме нашиот став и како втора точка, можноста за предвремени парламентарни извори“. Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски пред јавноста на лидерската средба која е во тек во претседателската резиденција на Водно.

„Нашата држава е по третпат во слична ситуација, во 1991 бевме во слична ситуација, при донесувањето на Лисабонска декларација. Во 2008 бевме во слична ситуација, во Букурешт бевме дефакто блокирани од нашиот јужен сосед. И сега по 14 години статус кандидат, драго ми е што сите лидери застанаа зад оваа стратешка цел, ниту еден не испушти да каже дека ова е единствениот пат и не постојат алтернативи. Имаме јасен државен консензус, сите стојат зад идејата што е можно поскоро да ги почнеме и да ги завршиме преговорите“ - рече меѓудругото претседателот Пендаровски.

Пендаровски побара да се внимава на ратификацијата на протоколот за НАТО, односно да не се доведеме во ситуација Собранието да биде распуштено пред да се ратификува членството.