Пендаровски: Контекстот на изјавата е за европската безидејност по случувањата во Брисел

Европската безидејност и долгите чекања пред вратите на ЕУ но и сеуште неизвесната методологија - ова е контекстот на изјавата за иселувањето која неодамна ја даде шефот на државата.

Пендаровски денеска се дообјаснува но и се се извини доколку како што рече ваквиот вокабулар делува демотивирачки за младите во земјата но и побара извинување од сите досегашни влади вклучително и актуелната зошто не успеале да се справат со овој тренд на иселување. Одговорноста лежи во сите вклуичително и во мене што во овие 6 месеци ниту јас како претседател не успеав да направам нешто повеќе додаде Пендаровски .

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска со критики на адреса на шефот на државата порачувајќи дека неговата изјава е потврда за суровата реалност на младите кои заминуваат . Обвинувања упатија и до власта оти не успеала да се справи со овој тренд.

Изјавата на шефот на државата Пендаровски која неодамна ја даде во врска со иселувањето, каде говорејќи посочи дека и тој би размислувал исто како и младите кои заминуваат поради европската безидејност предизвика низа реакции во јавноста.

Дел од аналитичарите, но и експертската јавност реагираа дека тоа е изјава која не кореспондира да ја даде човек на така одговорна функција но и посочија дека таа влијае демотивирачки. Говорот на Пендаровски во Србија на оваа тема траеше скоро осум минути, а денеска се дообјаснуваше зошто и во кој контекст го изнел ваквиот став.