Пендаровски е подготвен да поднесе оставка пред истекот на мандатот за исто време да се одржат парламентарни и претседателски избори

Шефот на државата Стево Пендаровски е подготвен да поднесе оставка пред истекот на мандатот со цел во истовреме да се одржат парламентарни и претседателски избори. Пендаровски во интервју  за емисијата Трилинг одговара и на прашањата:
 
Дали ќе го искористи правото да ја помилува поранешната министерка за внатрешни работи Јанкуловска и други обвинети од аферата „Прислушување“? Дали и како би можело да се обезбеди мнозинство за уставните промени? Постои ли спрега меѓу судството , обвинителството и извршната власт? Како  ги оценува критиките од меѓународните партнери за корупцијата и криминалот во високите ешалони на власта? Дали СДСМ го изолира шефот на државата? На овие индруги прашања  одговара претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Трилинг.